Кариера во СДНит
DevOps инженер
Дали сте страстен технолошки ентузијаст кој има желба да ги развие своите вештини? 🚀 Дали соработката со други луѓе ви претставу задоволство и се наоѓа на вашата најгорна листа, и се чувствувате комфортно работејќи во тим? Тогаш вие сте нашиот следен колега!
Стокхолм
За работата
Во моментов ние бараме DevOps Инженер кој е подготвен да биде клучен играч да помогне на нашите клиенти да го реализираат својот технички потенцијал. Како DevOps Инженер кај нас, ќе бидете оној кој ќе излезе и ќе помогне на нашите клиенти да ги имплементираат, развиваат и оптимизираат DevOps решенијата. Вашите работни задачи ќе вклучуваат и Автоматизација и Интеграција, каде што ќе користите алатки како Ansible и Python за да ги оптимизирате процесите.
Исто така, ќе работите на:
-
Интеграција и непрекинатата испорака (CI/CD) за ефикасна испорака на софтвер.
-
Мониторинг и оптимизација на инфраструктури базирани на Cloud за висока достапност и перформанси.
-
Соработување со разчични тмиови.
-
Извршување на дебагирање и менаџирање на инциденти за брзи и ефикасни решенија при прекин во работата.
-
Автоматизација и оптимизација на процесите со алатки како Ansible и Python.
-
Водење на развојниот тим за најдобрите практики во работата.
За тебе
Ние бараме лице со искуство од 3-4 години во слична улога, со познавање на Cloud како AWS, Azure или Google Cloud, како и експертиза во алатки за непрекината интеграција и испорака (CI/CD) како GitHub Actions, GitLab или Jenkins. Предност се искуства во автоматизација и менаџирање на конфигурации со алатки како Ansible, Chef или слични. Познавање на Docker и по можност Kubernetes е важно. Искуство во програмирање во Python, Go или слични јазици е голем плус.
За нас, личноста е исто толку важна колку и техничките вештини. Ги вреднуваме соработливоста и природната способност за работа во тим. Доколку си играч во тимот кој споделува знаење и искуства со колегите и се чувствуваш комфортно во средина каде што независните решавања на проблеми се нешто нормално, тогаш точно тебе го бараме. Твојата способност да се адаптираш на нови технологии и предизвици е важен аспект.
Предност се и доколку имаш интерес кон надградувањето на системите (SRE) и сакаш да се развиваш и растеш во оваа област!